Скаменето време

Автор: Ана Ким
Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: Die gefrorene Zeit | Бр. на страни: 144 | Димензии: 13х20 | Корица: мека

  Од крајот на војната во поранешна Југославија повеќе од 30,000 луѓе се евидентирани како исчезнати во Меѓународниот комитет на Црвениот крст. До денес само 15,000 се идентификувани. Накратко ова е заднината на романот на Ана Ким. Косовец што трага по сопругата која се води исчезната и еден женскиот лик кој раскажува во прво лице се поврзуваат преку трауматичен настан. Ана Ким прикажува искуство кое му е познато секому кој сака: времето во кое сме одделени од саканиот, ни се чини бледо и празно, дури повремено ни се чини и како да застанало.   На еден стручен колку и поетичен јазик Ким уште на првите страници на својата книга ги поставува големите човечки прашања. Како се конструира идентитет? Дали е јасно измерлив? Дали навистина се состои од пол, возраст, болест, облека, извештаи на сведоци и случајни средби? Што останува од човекот, која тој повеќе не е релано присутен? Ким, со својата нова книга, прикажува впечатлив текст и нашла адекватен јазик, како за ужасите на војната, така и за радостите и грижите на секојдневието.   „Зачудувачки е како постојано во поплавата на објавени книги се појавуваат дела, кои ви се обраќаат толку непосредно, што ќе се заплашите. И не само во однос на темата, туку и во однос на стилот, композицијата, во слободата на ритамот. Тоа се книги какви што своевремено посакуваше Франц Кафка, книги кои бодат, болат. Нема сомнеж дека сево ова важи и за романот на Ана Ким Скаменето време, бидејќи тука толку суверено се поврзуваат потресните љубовни приказни со војната во Косово, бидејќи како со сврдло текстот прашува која е положбата на мртовците во нашиот живот.“ Ролф Есиг, Нирнбергер Нахрихтен   „Има многу ужас во книгата на Ким, но и многу љубов.“ Бихершау   Ана Ким (1977) е австриска писателка родена во Јужна Кореја. Студирала философиja и театарски студии во Виена. Авторка е и на проза и на поезија. Добила многу писателски стипендии и награди. Има објавено три романи.  
Рангирано 5 од 5 според 2 рејтинзите на корисниците

Цена: 200 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Скаменето време

Категорија:
ИСБН: 978-608-4507-38-3

Questions and Answers

You are not logged in