Слаткарницата на Кривогледиот Џим

Publisher: БАТА ПРЕСС | Language: Македонски | Year: 2020
Original title: Cukrárna U Šilhavého Jima | Num. of pages: 180 | Dimensions: 21 | Cover: /

Во слаткарницата на кривогледиот Џим, служат свежо кафе, торти и јајца. Но таму се стекнуваат и книжевни и чи-тателски навики. Откако во градот пристигна библиотекарката Боженка, таа отвори библиотека дури и во затворот и животот го направи поподнослив за најтешките криминалци. Срцата на негативците се насочија кон групните читања и претставувања на литературни дела од Шекспир, Карл Мај, Достоевски, Александар Дима… Дури и нивните вкусови почнаа да се менуваат. Како и да е, оваа хармонија ја наруши Данте Ласицата Шекспир, најголемиот литературен гангстер на сите времиња. Тој им ги украде сите текстови, од класици до распореди. Борбата со дружината книгољупци завршува со победа на згодната чешка библиотекарка. Иако за бунтот против Хабсбурзите таа не успеа да обезбеди поддршка на луѓето од Дивиот Запад, култивираниот дух на нивните литературни средби го облагороди градот. Авторот Марек Томан маестрално ги ткае пародиите и фразите, обрнувајќи внимание и на квалитетната и на дру-гата светска литература, бидејќи тие имаат сила кај децата и младите да создадат и реална и фиктивна претстава за светот.

Price: 300 ден

9 in stock

Compare
Sold By БАТА ПРЕСС

Report an abuse for product Слаткарницата на Кривогледиот Џим

Categories: ,
SKU: 978-608-253-118-2

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Слаткарницата на Кривогледиот Џим”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in