Случајот Кукоцки
Автор:
Људмила Улицкаја
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
Казус Кукоцкого |
Бр. на страни:
432 |
Димензии:
13х21
|
Корица:
/
Сите кои уживале и уживаат во руските класици, делата на големите Достоевски, Толстој, Булгаков, Набоков, се исправени пред една нова величина на прекрасната руска литература. Современите романи на Људмила Улицкаја, преведени на 25 јазици, ги привлекуваат читателите од цел свет.Во нејзината високо оценета Случајот Кукоцки, секој ќе се пронајде, бидејќи на интересен начин ги опфаќа најактуелните теми на денешнината. Сродството, лекарската професија, генетичкиот инженеринг, научните експерименти со луѓе, зачнувањето, генијалноста, мајчинството, оформувањето на фетусот, одот против општествените норми, растењето, детството, посвојувањето, татковството, абортусот, лечењето беслодност, се дел од болните проблеми кои се опфатени тука.Романот поставува важни прашања: каде завршува човечката слобода, дали човекот има право самостојно да одлучува како да постапи со сопствениот живот, како да се биде во хармонија со светот. Ова е прекрасен пример како преку едно семејство може да се покаже целото општество на конкретната епоха. Авторката не наметнува свој поглед на светот и се воздржува од секакви оценки. Единствената поука што си ја дозволува да ја даде меѓу редови е – чувајте ги љубените. Читателот самиот треба да донесе заклучоци. Книгава не треба да ја читате брзо. Напротив, бавно, со вдлабочување во минатите времиња во кои се кријат секогаш наново поставените, вечни теми. Со романот Случајот Кукоцки Улицкаја стана првата жена-добитник на руската „Букерова награда“, а според романот е снимена и ТВ-серија.
Questions and Answers
You are not logged in