Смрт во Вавилон, љубов во Истанбул
Автор:
Искендер Пала
Издавач:
Прозарт Паблишинг |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
Babil'de Ölüm İstanbul'da Aşk |
Бр. на страни:
452 |
Димензии:
20 см
|
Корица:
мека
За време на османлискиот период Султанот Сулејман побарал од Фузули, познат писател од Хила, да ја преработи приказната за Лејла и Меџнун – една од најголемите љубовни приказни на сите времиња, инспирација за љубовните приказни како Ромео и Јулија. Но, приказната на Лејла и Меџнун не е обична љубовна случка. Фузули открива дека во неа има илјадагодишна мистерија: Има седум вистински тајни за тие што знаат љубов што е. Оној што ќе ги има седумте тајни ќе владее со светот. А вратите за одговорите на седумте тајни се во урнатините на Вавилон, Багдад, Истанбул, Рим и Париз. Така започнува долгата потрага по книгата на Фузули за откривање на тајните и за докажување на мистеријата.
Questions and Answers
You are not logged in