Смртоносна терапија

Издавач: Антолог | Јазик: македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: Uwikłanie | Бр. на страни: 304 | Димензии: 13x20 | Корица: мека

Во еден манастир во Варшава се одржува групна психотерапија преку нов метод на лекување, кој предвидува поделба на улоги меѓу пациентите. По една од сеансите, Хенрик Телак е пронајден брутално убиен со нож во окото. Случајот му е доделен на државниот обвинител Теодор Шацки, кој се бори со средовечна криза. Навлегувајќи сè подлабоко во случајот на несекојдневното убиство, открива дополнителни слоеви на застрашувачка моќ во езотеричните терапевтски методи. Шацки застанува против „црвената пајажина“, која ќе го одведе до поранешно убиство од времето на комунизмот. Но зошто одеднаш и Тајната полиција се интересира за случајот? Откривајќи ги деловите од сложувалката, Теодор сфаќа дека можеби е подобро да не продолжува понатаму. За неговата лична сигурност. Истоимениот филм е снимен според овој роман. „Исклучителна кримиприказна. Во полската литература се лансира вистински мајстор.“ Јежи Пилх

Цена: 350 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Смртоносна терапија

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-292-2

Questions and Answers

You are not logged in