Снегулки

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Dendrites | Бр. на страни: 234 | Димензии: 21 | Корица: мека

Дејството на романот се одвива во кризните 80-ти години, во Камден, Њу Џерси, во заедница на емигранти кои не успеале да го остварат американскиот сон. Додека адолесцентите и возрасните се справуваат со тешките животни моменти, истовремено се развиваат сеќавањата за претходната генерација Грци и други американски имигранти. Приказната ја следи тинејџерката Мини: кога исчезнува нејзиниот проблематичен брат, мајка им, по потекло од Порторико, умира од тага. Семејството Кампанис одлучува да ја прими Мини, мајката Сузан, поранешен хипик, таткото Басил, претставник на втората генерација американски Грци, и Лето, соученичката на Мини и единствената ќерка на Сузан и Базил. Доаѓањето на Мини повторно ги разоткрива старите семејни лузни. Оригиналниот наслов Дентрити е термин кој се користи да се опише формата на снегулката, зашто токму како снегулки, Мини и Басил, Лето и Сузан, и другите ликови во книгата, се уникатни и прекрасни додека летаат низ воздухот и се топат. Во апстрактна смисла, „дентрит“ означува и сеќавање: семејните стебла и трагите што го оставаат за идните генерации. Снегулки е трета книга на Калија Пападаки, за која ја доби Европската награда за литература во 2017 година.

Цена: 300 ден

9 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Снегулки

Категорија:
ИСБН: 978-608-230-629-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Снегулки”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in