Снегулки

Original title: Dendrites | Num. of pages: 234 | Dimensions: 21 | Cover: мека

Дејството на романот се одвива во кризните 80-ти години, во Камден, Њу Џерси, во заедница на емигранти кои не успеале да го остварат американскиот сон. Додека адолесцентите и возрасните се справуваат со тешките животни моменти, истовремено се развиваат сеќавањата за претходната генерација Грци и други американски имигранти. Приказната ја следи тинејџерката Мини: кога исчезнува нејзиниот проблематичен брат, мајка им, по потекло од Порторико, умира од тага. Семејството Кампанис одлучува да ја прими Мини: мајката Сузан, поранешен хипик, таткото Басил, претставник на втората генерација американски Грци, и Лето, соученичката на Мини и единствената ќерка на Сузан и Базил. Доаѓањето на Мини повторно ги разоткрива старите семејни лузни. Оригиналниот наслов Дентрити е термин кој се користи да се опише формата на снегулката, зашто токму како снегулки, Мини и Басил, Лето и Сузан, и другите ликови во книгата, се уникатни и прекрасни додека летаат низ воздухот и се топат. Во апстрактна смисла, „дентрит“ означува и сеќавање: семејните стебла и трагите што го оставаат за идните генерации. Снегулки е трета книга на Калија Пападаки, за која ја доби Европската награда за литература во 2017 година.

Price: 300 ден

9 in stock

Compare
Sold By Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Снегулки

Category:
SKU: 978-608-230-629-2

Издавачки центар ТРИ

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Снегулки”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in