(Со)шиени раскази
Автор:
Оливера Ќорвезироска
Издавач:
ИЛИ-ИЛИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2017
Оригинален наслов:
(Со)шиени раскази |
Бр. на страни:
173 |
Димензии:
20
|
Корица:
/
14 години по (С)плетени раскази
„И во '(Со)шиени раскази', како и во сите претходни дела на Оливера Ќорвезироска, се чувствува посебниот однос што таа го има кон/со јазикот. При гласното исчитување на расказите од циклусите „Оверлок“ и „Цик-цак бод“, читателите ќе забележат дека, дали заради начинот на кој се врзани еден со друг, или заради целата приказна што ја носат, или и заради едното и другото, зборовите имаат едно специфично синестезичко својство. Тие понекогаш блеснуваат со светлоста на пастелните тонови, понекогаш се матни, густо нанесени бои, другпат се драматично јарки, а секогаш како со игла го допираат срцето. И секогаш се борат за смислата на постоењето, а против бесмислата и недоразбирањето.“ Гоце Смилевски
Оценки
Сѐ уште нема оценки.