Сочувство

Publisher: Антолог | Language: Македонски | Year: 2016
Original title: Os Meus Sentimentos | Num. of pages: 288 | Dimensions: 13x20 | Cover: мека

Бурна ноќ, излетување од патот. Соочена со смртта и со она што се чини дека се последни мигови, Виолета патува низ неподносливо болната призма на интроспекцијата во обид да ги исплати долговите кон себе и кон личностите во нејзиниот живот. Нејзината мајка е разочарана од надворешниот изглед на својата ќерка, па често пати ја форсира внуката. Таткото доживеал предавство од сопствениот син. Работното место како продавачка на козметички производи и прекарот „изрод“ со кој ѝ се обраќаат и на улица ја дополнуваат крајно депресивната слика на една тажна биографија во која секој ден е борба со бескрајни порази и разочарувања. Останува непознато времетраењето на ова испреплетено понирање низ нејзините сеќавања, размисли, замисли, кои служат да надоместат и да надополнат делови од вистинското постоење што можеби продолжува и без Виолета и кои се чини дека ќе останат засекогаш непотполни, недоречени. Очи во очи со смртта, времето и просторот ја губат својата сила и единствен сведок на виорот и течението на свеста на Виолета станува читателот, кој е повикан да го разбере вистинското значење на сочувството во нашето фрагментирано постоење. Ќе остане ли нашиот поглед засекогаш заробен во капката светлина што никако да се слизне од острата срча на нашиот живот? „Се чита како една долга песна“.Нова култура
Rated 5 out of 5 based on 2 customer ratings

Price: 250 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Антолог

Report an abuse for product Сочувство

Category:
SKU: 978-608-243-181-9

Questions and Answers

You are not logged in