Солзите на ангелите

Publisher: Антолог | Language: Македонски | Year: 2018
Original title: Harmur englanna | Num. of pages: 262 | Dimensions: 13x20 | Cover: мека

„Солзите на ангелите“ е моќна приказна што потсетува на вечната борба на човекот против безмилосното величество – природата! Приказната го следи „момчето“ што, откако доживеало страшна траума на море, оди во едно мало исландско село што наскоро ќе му стане дом. Тој има желба да му ја врати книгата поезија на стариот морски капетан – книга поради која умира и неговиот пријател Бардур.Додека селаните се собираат во крчмата за да пијат жесток алкохол, момчето им чита извадоци од „Хамлет“. Еден ден таму влетува поштарот Јенс, полумртов и смрзнат до коска.На следното патување кон фјордовите, тој го поведува и момчето со себе бидејќи има потреба од некој што не се плаши од морето. Двајцата ќе се најдат во ситуација да го ризикуваат животот еден за друг, и тоа поради една невообичаена пратка! Снегот е „солзите на ангелите“ и тој паѓа ли паѓа и се обидува да ги препокрие и хероите на оваа волшебна книга.Стефансон ја добива италијанската награда „Ботари Латес Гринѕане“ токму за ова дело, кое е втор дел од епската исландска трилогија „Помеѓу рајот и пеколот“, но може да се чита и како засебна книга. „Студено, возбудливо патување... книга што се чита ненаситно додека пиете жежок пијалак во топла соба.“Boyd Tonkin, The Independent

Price: 250 ден

10 in stock

Compare
Sold By Антолог

Report an abuse for product Солзите на ангелите

Category:
SKU: 978-608-243-298-4

Questions and Answers

You are not logged in