Советување и коучинг за развој на кариерата на вработените во организацијата
Александра Кацарски е професионалец за кариера преку меѓународно сертифицирани програми од областа на кариерата, како што е програмата за глобален фацилитатор за развој на кариера (GCDF), обезбедена од страна на Европскиот совет за сертифицирани советници (European Board for Certified Counselors – EBCC) во Лисабон, Португалија и Центарот за кредитација и едукација во Женева, Швајцарија, кои се партнери на Националната агенција за кариерен развој во САД (NCDA). Таа е сертифициран коучер за кариера, преку програмата на Институтот за кариерен коучинг во САД, (CCI-Career Coach Institute, сегашен IBI), акредитирана од страна на Интернационалната федерација за коучинг (International Coach Federation – ICF), сертифициран тренер и лиценциран обучувач на возрасни.
Како специјалист за кариера, нејзините активности и интереси се насочени кон дизајнирање организациски програми за управување со кариерата, обуки и консултантство од областите за кариерен развој, управување со кариерата, на составување индивидуални планови за развој, кариерно советување, кариерен коучинг и активно учествува на унапредување на сопствените вештини, знаење и способности преку континуирано учење, истражување, обуки, конференции итн. Таа е активен член на Македонската асоцијација за управување со човечките ресурси (МАЧР) и член на Асоцијацијата за кариерни советници на Република Македонија (АСК).
Reviews
There are no reviews yet.