Спонзорџики

Издавач: Просветно дело | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Sponzoruse | Бр. на страни: 280 | Димензии: 20х15 | Корица: мека

/Горчлива приказна за судбините на неколку тинејџерки во „оловните„ деведесетти години на минатиот век во Србија. Маша Ребиќ, во романот „Спонзорџики„, со восхитувачка лес­нотија на раскажувањето, со вешта промена на наративните гласови, со живо насликани ликови и со искривениот жаргон на из­мамниците, наркоманите и спонзорџиките, криумчарите, кри­миналците и контроверзните бизнисмени - ја доловува секој­дневната атмосфера во екот на распаѓањето на државата, рас­па­ѓањето на семејството, изместените вредности и безиз­лезноста на еден пораст на загубено и изопачено социјално милје, погодено од војната, сиромаштијата и изолацијата. Во потрага по лажната среќа, главниот јунак - Лена, дете на разведени родители, се обидува, своето незадоволство со опкру­жувањето и приликите, да го излекува со бегството од самата себеси, своето детство и својата разорена татковина, за возврат нудејќи единствено нешто што една девојка, на дофат на полнолетството, може да го понуди. Но, истовремено, таа е едно проникливо градско дете, свесно за своето тонење, за своето застранување од правиот пат и за својата емотивна оштетеност... *** Доколку не бев кукавица, ќе научев да живеам сама. Немаше да бидам со фудбалерите кои за Буковски сметаат дека е парфем. Немаше да бидам со дебелиот милионер, со криминалците и со секакви мамини синови, кои со очи не можев да ги гледам. Доколку не бев кукавица, немаше да го наместам Д. на една курва, за да имам причина да го оставам. Немаше да побегнам од М., а подоцна и од Б., без ниту еден збор. В. ќе го оставев, бидејќи не го сакам, а не затоа што така ми кажа неговата мајка. И ќе ги земев парите кои таа ми ги понуди. Доколку не бев кука­вица, никогаш немаше да го оставам Сале на цедилка и ќе му се јавував додека се уверам дека тој е добар. Доколку не бев кука­вица, немаше да се дружам со криминалците за да имам грб кој ќе ме заштитува. Немаше цел живот да талкам низ светот, бегајќи од здодевноста.
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(2 оценки на корисници)

Цена: 300 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Просветно Дело АД Скопје

Report an abuse for product Спонзорџики

Категорија:
ИСБН: 5310189011595

2 оценки за Спонзорџики

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in