Спонзорџики
Author:
Маша Ребиќ
Publisher:
Просветно дело |
Language:
Македонски |
Year:
2012
Original title:
Sponzoruse |
Num. of pages:
280 |
Dimensions:
20х15
|
Cover:
мека
/Горчлива приказна за судбините на неколку тинејџерки во „оловните„ деведесетти години на минатиот век во Србија. Маша Ребиќ, во романот „Спонзорџики„, со восхитувачка леснотија на раскажувањето, со вешта промена на наративните гласови, со живо насликани ликови и со искривениот жаргон на измамниците, наркоманите и спонзорџиките, криумчарите, криминалците и контроверзните бизнисмени - ја доловува секојдневната атмосфера во екот на распаѓањето на државата, распаѓањето на семејството, изместените вредности и безизлезноста на еден пораст на загубено и изопачено социјално милје, погодено од војната, сиромаштијата и изолацијата. Во потрага по лажната среќа, главниот јунак - Лена, дете на разведени родители, се обидува, своето незадоволство со опкружувањето и приликите, да го излекува со бегството од самата себеси, своето детство и својата разорена татковина, за возврат нудејќи единствено нешто што една девојка, на дофат на полнолетството, може да го понуди. Но, истовремено, таа е едно проникливо градско дете, свесно за своето тонење, за своето застранување од правиот пат и за својата емотивна оштетеност...
*** Доколку не бев кукавица, ќе научев да живеам сама. Немаше да бидам со фудбалерите кои за Буковски сметаат дека е парфем. Немаше да бидам со дебелиот милионер, со криминалците и со секакви мамини синови, кои со очи не можев да ги гледам. Доколку не бев кукавица, немаше да го наместам Д. на една курва, за да имам причина да го оставам. Немаше да побегнам од М., а подоцна и од Б., без ниту еден збор. В. ќе го оставев, бидејќи не го сакам, а не затоа што така ми кажа неговата мајка. И ќе ги земев парите кои таа ми ги понуди. Доколку не бев кукавица, никогаш немаше да го оставам Сале на цедилка и ќе му се јавував додека се уверам дека тој е добар. Доколку не бев кукавица, немаше да се дружам со криминалците за да имам грб кој ќе ме заштитува. Немаше цел живот да талкам низ светот, бегајќи од здодевноста.
2 reviews for Спонзорџики
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –