Срцето на човекот
Автор:
Јон Калман Стефансон
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2022
Оригинален наслов:
Hjarta mannsins |
Бр. на страни:
303 |
Димензии:
20
|
Корица:
мека
3# трилогија Помеѓу рајот и пеколот Откако ќе се спасат од снежната бура која безмалку ги чини живот, Јенс и момчето ќе се најдат далеку од дома, во една рибарска заедница на крајот од светот. По престојот во домот на селскиот доктор, момчето повторно има чувство како да е вратено од мртвите. Но, ова е чудно место, со жители кои како да не припаѓаат на овој свет. Меѓу нив е и Алфхеидур со огнената коса, поради која тој се запрашува дали е можно да се биде вљубен во две жени истовремено; тој верува дека срцето му е ветено на Рагнхеидур, ќерката на богатиот трговец во селото во кое тој мора секако да се врати. Со дејство во дивината на екстремниот север која предизвикува страхопочит, „Срцето на човекот“ е едно длабоко истражување на животот, љубовта и желбата, напишана со возвишена едноставност. Во овој заклучок на смелата трилогија, Стефансон го вклучува своето поетско око и философски увид во приказна која е вредна за дамнешните писатели на саги.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.