Статистичка веројатност за љубов на прв поглед
Автор:
Џенифер И. Смит
Издавач:
Сакам Книги |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
200 |
Димензии:
24х16
|
Корица:
мека
Кој би рекол дека четири минути можат да сменат сѐ?
Денес треба да биде еден од најлошите денови во животот на седумнаесетгодишната Хедли – денот од кој таа се плаши со месеци.
Втората свадба на татко ѝ, на сосема друг континент од неа, со жена која таа воопшто ја нема запознаено. Во нејзиното срце има едно нежно и ранливо место кое сѐ уште не е заздравено од неговото заминување и дефинитивно уште повеќе страда поради настаните кои претстојат.
Како сето тоа да не е доволно; таа е присилена да присуствува на свадбата и поради доцнењето од само четири минути, Хедли го испушта својот лет. Таа доцни ќе доцни на свадбата на која воопшто не сакаше да оди.
Има ли поголема иронија на судбината од тоа? Постои ли нешто полошо од целиот тој сплет на околности?
Постои. Оливер, осумнаесетгодишното момче од Британија кое седи до Хедли на следниот лет ќе ви покаже дека судбината има чуден начин да си поигра со нас, ќе ви докаже дека од лошото секогаш постои полошо и дека треба да научиме да ја пронајдеме светлата точка во сѐ. Кога може тој, може секој. Тој ќе ни покаже дека четири минути навистина можат да сменат сѐ.
Оваа книга, освен што нѝ покажува како младите се носат со тешки емоции како овие, како реагираат во одредени случаи – таа исто така зборува за љубовта на прв поглед и за тоа дека може да нѝ се случи кога најмалку ја очекуваме. Со вметнување на љубовна приказна во рамки на главната приказна, авторот успева да стави парче сјај на тажната приказна и да покаже дека и покрај лошите работи, во животот се случуваат и добри работи. Дејството се случува во рок од 24 часа, но приказната е богата и прекрасно раскажана.
Најинтересниот податок во врска со оваа книга е тоа дека книгата е оригинално издадена неодамна, кон крајот на март 2012, а авторските права за неа беа продадени во 30 земји уште пред книгата да биде издадена.
2 оценки за Статистичка веројатност за љубов на прв поглед
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –