Степскиот волк

Издавач: Ѓурѓа | Јазик: Македонски | Година: 2008
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 200 | Димензии: 12,5х20 | Корица: /

Во Степскиот волк (1927) Хесе продолжува со развивање на темата за фаустовската двојност на личноста на главниот јунак. Хари Халер немилосрдно е раскинуван меѓу две спротивности: конвенционалниот живот исполнет со мир, ред и спокојство, од една страна, и нагоните кои од искона живеат во единката и сакаат да ги уништат вештачки создадените конформистички норми во животот, од друга страна. Тоа е револт против малограѓанското самозадоволство, против просечноста без подлабоки амбиции и повисоки цели.
Според Хесе, секој човек во себе носи две личности: едната способна да се радува и да биде среќна, а втората секогаш готова да си го загорчува животот и да страда. А сето тоа постои истовремено, едно до друго, се вплетува и се судрува онака како што во Хари Халер се судрува човекот со волкот. Тој расчекор помеѓу она што природата од самиот постанок му го подарила на човекот и неговото секојдневие, кое го уништува најубавото во човекот, е симболизиран низ степскиот волк - животно заталкано во туѓа средина која е неприфатлива за него.
Болната отуѓеност и подвоеноста меѓу човек и животно својот спас го наоѓа во создавањето на безброј психолошки личности. Создавајќи од самиот себе театар, Хари Халер излезот го наоѓа во хуморот. Сфаќајќи ја апсурдноста на животот, единката го наоѓа патот до хуманоста, а со тоа и патот на својата душевна преродба.

Цена: 150 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Ѓурѓа

Report an abuse for product Степскиот волк

Категорија:
ИСБН: 9786082010120

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Степскиот волк”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in