Стратегија на текстилната индустрија за настап на глобалниот пазар
Автор:
Ристо Иванов
Издавач:
Креација Здружение на бизниси и консултанти |
Јазик:
Македонски |
Година:
2014
Оригинален наслов:
Стратегија на текстилната индустрија за настап на глобалниот пазар |
Бр. на страни:
322 |
Димензии:
24 cm
|
Корица:
/
Книгата ја објаснува важноста на стратешкиот менаџмент за подобрување на конкурентоста на текстилните претпријатија и индустријата во целина. Презентирани се трендовите во глобализација на пазарите и промените кај однесувањето на потрошувачите. Акцент е ставен на влијанието на укинувањето на увозните квоти за текстилните производи и светската финансиска криза врз побарувачката и понудата на текстилни призводи на пазарите во развиените земји и регионалните трговски зони, од една страна и презентиран е стратешкиот одговор на главните глобални актери во текстилната индустрија на новите глобални трендови, од друга страна. Светската пракса на управување со ланецот на вредности во текстилната индустрија се споредува со научните сознанија за подготовка на стратегии на ниво на текстилната индустрија во рамки на националните економии, стратегиите на ниво на компании и организацијата на производството за поголема продуктивност.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.