Строго контролирани возови

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Ostře sledované vlaky | Бр. на страни: 78 | Димензии: 200х140 | Корица: /

Заедно со Јарослав Хашек, Карел Чапек и Милан Кундера, Храбал е еден од најголемите чешки писатели на 20 век и еден од најголемите европски писатели во втората половина на минатиот век. Токму „Строго контролирани возови“ е неговото најдобро и најпознато дело, според кое чешкиот режисер Јиржи Менцел го сними истоимениот филм, кој пак во 1967 година е награден со „Оскар“ за најдобар странски филм.„Строго контролирани возови“ е црнохуморстична драма за младиот работник на една мала железничка станица за време на Втората светска војна, на која често минуваат строго контролирани германски возови. Главниот лик, Милош Хрма, всушност е помошник свртничар на селска станица во окупирана Чехословачка, кој се обидува да се ослободи од својата невиност. Несвесен за војната и отпорот што го опкружуваат, тој оди по патот на сексуалното будење и сопственото откривање, сретнувајќи се со светот на фрустрациите, еротиката и авантурите во депото на управата на железничката станица...

Цена: 100 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Строго контролирани возови

Категорија:
ИСБН: 978-608-225-065-6

Questions and Answers

You are not logged in