СВЕТОТ ВО МЕТЕЖ: Како да продолжиме понатаму?
Author:
Nil Donald Volš
Publisher:
Концепција |
Language:
Македонски |
Year:
2016
Original title:
A WORLD IN TURMOIL AND HOW WE CAN RESPOND |
Num. of pages:
96 |
Dimensions:
210x140
|
Cover:
мека
Дали е ова почеток на крајот? Дали сме сведоци на крајот на светот онаков каков што го знаеме, а да не сме ни свесни за тоа? Во оваа брошура напишана неодамна, веднаш по ужасните терористички напади во Париз во ноември 2015 година, авторот Нил Доналд Волш ни одговара со едно запрепастувачко „да“. Но, истовремено, вели дека нема од што да се плашиме. Тој ни нуди едно извонредно објаснување на она што денес се случува на целата планета и, што е уште поважно, ни дава чудесен рецепт како да го исцелиме не само сопствениот живот, туку и нашиот заеднички свет. Најголемата опасност за денешниот свет лежи не во поставувањето прашања, туку во претпоставката дека веќе ги имаме сите одговори. Нил Доналд Волш, познат по фасцинантниот серијал книги Разговори со Бога е духовен гласник на модерното време, чии зборови продолжуваат длабоко да го допираат светот и да инспирираат промени на индивидуално и на колективно ниво. Досега има објавено 29 книги, од кои дел се преведени на 37 јазици, а осум од нив се запишале на листата на бестселери на New York Times.
Questions and Answers
You are not logged in