Светска трговија и плаќања: Вовед

Publisher: Арс ЛАМИНА | Language: Македонски | Year: 2011
Original title: World Trade and Payments: An Introduction | Num. of pages: 712 | Dimensions: 170x235 | Cover: /

Во текстот имаме јасно презентирани моќни алатки за разбирање на промените во светската економија и какви се последиците од нив врз домаќинствата, работниците и фирмите. Ефикасноста на авторите е доловена преку нивната анализа на најзначајните проблеми од политиката на меѓународната економија. Професорите Ричард Е. Кејвс и Џефри А.Франкел од Универзитетот „Харвард“ и Роналд Тус Џоунс од Универзитетот во Рочестер јасно покажуваат дека теоријата за меѓународната економија е добра, но не само како теорија туку и во  практика.
Ова издание вклучува и едно сосема ново поглавје за трговските шеми и дистрибуција на приходите. Во останатите поглавија станува збор за придобивките од трговијата, специфичните фактори на донациите, несовршената конкуренција, зголемувањето на добивките, разновидноста на производите, трговијата со ресурсите, фрагментирањето на еден производ, движењата на трудот и на капиталот, националната благосостојба, контролата на трговијата, регионалните прашања од трговската политика, девизниот пазар, националниот доход, трговските биланси, платниот биланс, глобализацијата на финансиските пазари, фискалните и монетарни политики, инфлацијата и индексирањето на платите.
Со сето претходно наведено не може да се создаде визија како ќе се решаваат проблемите во иднина, но секако дека може да се дадат насоки и рамки во кои треба да се движи еден економист при своите согледувања за развојот на настаните, притоа земајќи ги предвид сите важни компоненти од меѓународната економија.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings
(1 customer review)

Price: 1990 ден

50 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Светска трговија и плаќања: Вовед

Category:
SKU: 978-608-229-075-1

1 review for Светска трговија и плаќања: Вовед

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in