Тајниот пат на мастилото

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Тайният път на мастилото | Бр. на страни: 278 | Димензии: 20х14 | Корица: мека

Расказите во Тајниот пат на мастилото се движат на тенката линија помеѓу комичното во секојдневниот живот и ужасот што луѓето се способни да си го направат еден на друг. Прозите на Кристин Димитрова се како некоја кутија со двојно дно, чиј скриен дел може да биде отворен со ненадеен гест, неочекуван збор, заборавен предмет, навидум безначајно сеќавање. На почетокот од расказите, читателот се соочува со јасен и цврст свет, свет кој навидум не може да биде променет со ништо, се додека некој малечок детаљ или случка не ја превртат актуелната интерпретација на нештата. Овие работи го менуваат воспоставениот поредок на нештата и ликовите одеднаш сфаќаат дека „јасноста“ и „цврстината“ никогаш не биле такви какви што ним им изгледале, сфаќаат дека светот содржи мноштво слоеви и објаснувања, од кои ниедно не е трајно. 

Книгата е составена од 21 расказ поврзани на многу дискретен начин. Некои од ликовите од еден расказ, се појавуваат во друг, некои предмети навидум случајно спомнати во една приказна, продолжуваат да постојат во друга...

Затоа Тајниот пат на мастилото може да се чита како еден вид умешна крстозборка-сложувалка во која некои ликови и човечки судбини се вкрстуваат со други, некои делови се затемнети, а некои мораат да останат празни.

Цена: 250 ден

7 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Тајниот пат на мастилото

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-247-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Тајниот пат на мастилото”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in