ТАЈНИТЕ НА ПИСАТЕЛИТЕ
Пишувањето е патување во средиштето на срцето. Тоа задоволство ќе го почувствувате веднаш штом ќе го напишете првото дело. Со секое ново дело вие го откривате богатството на својата душа, со целата своја широчина и длабочина. Кога јас го напишав моето прво дело кажав: „Сите пари на светов да ми ги дадат за да не го објавам моево дело, нема да прифатам.“ Не постои цена со која би можело да се замени она што доаѓа од срцето. Истото го чувствувам и велам за секое мое дело, па и за овој мал прирачник.
„Живејте го вашиот сон и под никакви услови и околности немојте да се откажете, бидејќи кога ќе умирате единственото нешто по кое ќе жалите ќе биде тоа што не сте го оствариле вашиот сон.“
Верувам во тебе, бидејќи и ти веруваш во ова што од срце како моја лична тајна сум ја спознал и ти ја предавам. Верувам и знам дека набрзо, многу побрзо отколку што можеши да помислиш, ќе ја почувствуваш радоста и љубовта од твоето напишано дело. Со среќа и се читаме испраќајќи пораки до следните генерации.6 оценки за ТАЈНИТЕ НА ПИСАТЕЛИТЕ
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
ljupco mihajloski (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –