Текстилни влакна: Нивните физички, микроскопски и хемиски својства

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2009
Оригинален наслов: The textile fibres: Their physical, microscopical and chemical properties | Бр. на страни: 300 | Димензии: 181x253 | Корица: /

Ако сакаме да дознаеме каков бил приодот кон текстилните влакна пред повеќе од 100 години и да навлеземе во темелно изучување на таа проблематика од нејзините корени па сé до денешен ден, се наоѓаме на вистинското место. Оваа книга е токму тоа, корен и почеток на изучувањето, а за нејзината содржина се погрижи проф. д-р Џозеф Мерит Метјуз кој во далечната 1904 година бил шеф на Одделот за хемија и за боење во текстилното училиште во Филаделфија.
Своевремено била од голема помош за студентите, но и за операторите во текстилната индустрија, бидејќи се разгледувани многу практични проблеми со кои се справувал авторот. Текстилните влакна претставуваат суровини за повеќе индустрии, па поради тоа е важно фактите во врска со нив да бидат систематизирани во форма на научно сознание. Авторот направил обид да ги собере на едно место сите до тогаш достапни материјали што содржат изучување на текстилните влакна.
За жал, предметот текстилни влакна тогаш бил занемаруван од хемичарите, иако за нив имало плодно поле за истражување и нивние резултати можеле да доведат не само до научни туку и до големи индустриски вредности. Авторот настојува да ја нагласи важноста од проучувањето на влакното како единка, бидејќи во многу случаи се прават погрешни претпоставки дека однесувањето на секое влакно е идентично со она кога станува збор за однесување на поголема маса влакна во форма на предиво или друг текстилен материјал.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 990 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Текстилни влакна: Нивните физички, микроскопски и хемиски својства

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-108-6

1 оценка за Текстилни влакна: Нивните физички, микроскопски и хемиски својства

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in