Тино од мојот влез (второ издание)
Author:
Жарко Кујунџиски
Publisher:
Антолог |
Language:
Македонски |
Year:
2020
Original title:
/ |
Num. of pages:
64 |
Dimensions:
22х23
|
Cover:
/
Второ издание на книгата што ја понесе наградата за најдобро илустрирана сликовница или книга за деца во 2015 година. Eден од омилените херои за деца повторно достапен за сите! „Тино е современо дете, со фантазија соодветна на модерното чувствување. Тој без пречки живее и соработува со јунак од типот на Супермен, Спајдермен или на Бетмен, овој пат негов идол и пријател – Ле Жба, личен суперјунак, кој секогаш му доаѓа напомош и го извлекува од незгодните ситуации, зашто Тино е дете, како што нагласува авторот, кое кога нема проблеми, самиот решава да ги создаде. Триесетина куси раскази чија стожерна личност е детето Тино – Тино од мојот влез.“ Оливера Николова
Reviews
There are no reviews yet.