Тивка анестезија; за болката на другите
Тивка анестезија е тематска збирка во која се објавени 14 раскази специјално напишани за оваа книга. Во општество и време во кое поединецот станува сè повеќе анестезиран од чувството на емпатија и можноста да го доживее страдањето на различните, 14 писателки и писатели се обидуваат да одговорат на прашањето каков е нашиот однос кон „болката на другиот“. Една од намерите на книгата е и да им даде глас на луѓето што се наоѓаат на маргините во општеството, живеат живот на аутсајдери или на обесправени поединци, луѓе чиј глас е замолчен. Застапени автори: Николина Андова-Шопова, Петар Андоновски, Игор Анѓелков, Јулијана Величковска, Живко Грозданоски, Владимир Јанковски, Жарко Кујунџиски, Калина Малеска, Владимир Мартиновски, Снежана Младеновска-Анѓелков, Фросина Пармаковска, Олгица Станковска, Давор Стојановски, Фросина Стојковска.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.