Тоа можев да бидам јас
Автор:
Марина Вујчиќ
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2023
Оригинален наслов:
Mogla sam to biti ja |
Бр. на страни:
223 |
Димензии:
20
|
Корица:
тврда
Главната оска на дејствието го сочинуваат животните околности на психијатарката Лаура Херман и пациентките кои доаѓаат кај неа да ја раскажат својата приказна.
Но, тука психотерапијата не е само психотерапија, ниту хероините се наоѓаат во улогите кои се подразбираат во психијатриската ординација. Двете основни приказни ги надополнуваат исповедите на тројцата пациенти на Лаура, кои авторката суптилно ги нијансира и, вешто преплетувајќи ги нивните животни патеки, креира мозаична приказна за различните верзии на преболувањето на тешките искуства.
Приспособувањето на сопствениот живот согласно туѓите очекувања, незадоволството во врската, погрешните животни избори, соочувањето со загубата на партнерот, како и тегобноста на почнувањето од почеток се клучните точки на романот. Распонот на теми Вујчиќ го проширува и со проблематизација на психоанализата, во чија срж е вербализацијата на човековите искуства и наративизацијата на животот, а тоа заедно со мотивот на „роман во романот“ книгата ја претвора во суптилна романескна посвета на уметноста на зборот и книжевноста.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.