Тој што нема име
Author:
Коле Чашуле
Publisher:
Слово |
Language:
Македонски |
Year:
2004
Original title:
Тој што нема име |
Num. of pages:
98 |
Dimensions:
20 cm
|
Cover:
/
...Се надевам дека тој што нема име нема да крене глас против, па да почне и тој како Русана да се пресуредува. Разерете ме, јас морам да запрам овде, затоа што она што го видов и кое седна на мојата маса нарача и испи кафе, однадвор гледано, мјаза не сосем туку само по нешто од горното. И му дава за право на стравот.
Ќе морам да си признаам: Подземен од урнекот што го насумив пред малку, неправедно и без причина, ја подзаборавив неговата невеста. Зашто, откако ја донесов пресудата какво премреже од маж решавам да Ј насудбинам, не Ј дадов можност и таа, кутрата, да измоли свој лик. Ја имате подзаборавено и вие, нели? Бездруго, затоа сега ќе се обидеме, заедно, неа да ја услагодиме, да ја докроиме овој пат да прилега, да оди редум со неговиот терк. Значи: таа ќе е добро, кротко, умно, стамено дете, сеедно што е меѓу последните родени во фамилијата. Не, засега, нема да Ј треба фамилија. Ќе нў оддалечи. Доста смеЈ ние. Затоа ќе ја родиме неговата невеста како ќерка на мојата чудовита баба Ташка, која сиот свој век, како што веќе знаете, останала бездетна. А ќе а родиме и ќе ја крстиме Невена, затоа што мојата чудовита баба Ташка, тоа не сум го спомнал досега, имаше голема љубов кон невенот...
Reviews
There are no reviews yet.