Три

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2009
Original title: Tri | Num. of pages: 204 | Dimensions: 200х140 | Cover: мека

Добитник на наградата на tportal.hr за најдобар роман во Хрватска во 2009 година. „Ова е роман за љубовниците кои никогаш не се обичен љубовен пар – тие всушност секогаш се непар. Секогаш постои некој трет и сите по малку се трети.“ (Р. Перишиќ)„Брачниот синџир некогаш е толку тежок што двајцата не може да го носат – потребни се ТРИ лица“.„Ова е роман за љубовниците кои никогаш не се обичен љубовен пар – тие всушност секогаш се непар. Секогаш постои некој трет и сите по малку се трети. Гламузина испишува слоевита, драматична приказна за љубовта која е сè, само не е рутинска. Три е роман без компромиси, приказна која се памети, жива провокација.“ (Роберт Перишиќ)Три е љубовен роман кој покажува дека љубовта не постои без љубомората – но и дека прекумерната љубомора прераснува во опсесија која сама за себе е цел: зашто измамата не е кога се мами партнерот, туку кога се лаже дека не се сака некој друг.Овој роман донесува приказна за љубовните триаголници, во која Гламузина мајсторски го опишува она со што е опседнат: демонот на љубовта, светот чија убавина не се мери со црно-белиот морал, па дури и со она што обично го нарекуваме обична и едноставна среќа.Мажите се женат затоа што се заморуваат од трагањата, а жените се мажат зашто веруваат во љубовта – во бракот и едните и другите се разочаруваат и тргнуваат да го бараат она што мислат дека не го нашле. И затоа брачниот синџир некогаш е толку тежок што двајцата не може да го носат – потребни се ТРИ лица – како што стои во насловот на овој прв но извонреден роман на хрватскиот писател Драго Гламузина.
Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings

Price: 250 ден

8 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Три

Category:
SKU: 978-9989-163-83-8

Questions and Answers

You are not logged in