Три јаболка паднаа од небото

Издавач: Издавачка куќа Муза | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: С неба упали три яблока | Бр. на страни: 308 | Димензии: 20 | Корица: мека

Три јаболка паднаа од небото –

„едно за оној што видел,
друго за оној што раскажал,
а третото за оној што слушал и верувал во доброто.“

Во изолирано село високо во ерменските планини, во суровата убавина на природата, во која животот лебди меѓу стварноста и бајката, живеат само еден грст луѓе. Нивната единствена врска со светот е еден прастар телеграф, и опасниот планински пат, кој дури и козите го избегнуваат. Додека се занимаваат со секојдневните работи – жетва, правење баклава, средување на куќата – се поддржуваат меѓусебно и во добро и во зло, напоредно со несогласувањата, озборувањата и смеата.

Но понекогаш е потребна само искра романса за сѐ да се промени, да се наруши кревкиот мир на овие необични луѓе, а едно мало чудо ќе донесе живот и надеж во напуштеното село. Судбините на неколку генерации се проткаени со љубов и болка, одмазда и простување, со реалното и магичното во оваа приказна, која ќе ви ја стопли душата, небаре враќајќи ве во среќното детство.

Цена: 370 ден

2 на залиха

Спореди
Продавач Издавачка Куќа Муза

Report an abuse for product Три јаболка паднаа од небото

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-4906-29-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Три јаболка паднаа од небото”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in