Три мајмуни
Автор:
Стефан Мендел-Енк
Издавач:
Бегемот |
Јазик:
Македонски |
Година:
2016
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
142 |
Димензии:
195x125
|
Корица:
/
Во романот „Три мајмуни“ Стефан Мендел-Енк се навраќа на своите детски спомени за еврејската заедница во Гетеборг. Поделбата на семејството на младиот Јакоб и фрагментацијата на еврејската дијаспора во Шведска го формираат јадрото околу кое е изградено сижето во серија емпатично и комично раскажани сцени, кои не се хронолошки распоредени. Приказната се развива во пресекот на еврејската традиција, современите геополитички настани и шведската култура во која Евреите нашле прибежиште од холокаустот.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.