Трошки

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: Drobnitice | Бр. на страни: 144 | Димензии: 13x20 | Корица: /

Егон е крајно неморален но харизматичен писател, кој живее во комунистички индустриски град во Словенија пред распадот на Југославија. Немајќи реален однос кон својот книжевен потенцијал, пишува љубовни романчиња под псевдоним. Кога не е во потрага по секс, или кога не го пцуе книжевниот естаблишмент, бара начини како да најде што поголеми количини од скапиот афтершејв „Картие“ за мажи. Ококу себе има собрано збирштина пријатели и познајници, подеднакаво слични во своите опсесии и нерализирани амбиции. Поетот има желба да го објават во кожени корици, Ибро ја сака Ајша, девојка од фабриката пред која не зуцнал збор, додека Селим е убеден дека ќе се ожени со познатата актерка Настасја Кински. Како што обидите на Егон да најде што е можно повеќе од парфемот стануваат позабегани, така го губи контактот со својот идентитет. Трошки не е само цинична, валкано реалистична сатира – модерен европски класик – туку и фасцинантен, крајно уникатен коментар на патологијата на самоопределбата.

 

„Оваа книга е зае*ано чудна“.

Букант

 

Романот Трошки (1987) бил најголемиот бестселер во поранешна Југославија, прогласен за најдобар роман на годината и од владините и од опозициските медиуми.


Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 200 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Трошки

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-087-4

1 оценка за Трошки

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in