Црешовото дрво и старите чувства
Author:
Марица Бодрожиќ
Publisher:
ИЛИ-ИЛИ |
Language:
Македонски |
Year:
2015
Original title:
Kirschholz und alte Gefühle |
Num. of pages:
225 |
Dimensions:
20х13
|
Cover:
/
...иднината е можна само доколку се соочиме со минатото...
Во слики со светлечки интензитет Марица Бодрожиќ раскажува за тоа што беше „Југославија“ и што значи да се биде во егзил; и покажува дека Арјета ќе има иднина само ако е подготвена да не ги затвори актите на своето минато. „Тогаш црешовото дрво ќе прокрвави и ќе раскажува...“ Марица Бодрожиќ се движи низ минатото преку своите женски фигури. Пишува многу обмислено за пејзажите, мирисите, звуците и ликовите од своето детство и младост, за губењето на татковината, за спомените и дупките во сеќавањето, за љубовта, дистанцата и пристигнувањето во еден нов живот. Нејзините текстови живеат од слободниот однос со синтаксата, скратувањата и неологизмите, што му даваат необичен тон на романот; од речениците што будат голем спекатар на емоции и асоцијации и го носат читателот во една состојба налик на транс.Бегството во јазикот како последно средство на отпорот, е она што го носи целиот роман. Како можеме да се сетиме, како можеме да го совладаме сеќавањето? Тоа се прашањата што ја водат Арјета Филипо, раскажувачката во романот. Потекнува од Сараево, студира во Париз, потоа оди за Берлин и насекаде среќава други луѓе кои побегнале од војната во Југославија, но не наоѓаат мир во себе.
Reviews
There are no reviews yet.