Црвена вода

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2023
Original title: Crvena voda | Num. of pages: 320 | Dimensions: 200 х 140 | Cover: мека

Романот „Црвена вода“ доби две високи книжевни награди во Хрватска и дури шест награди во Франција.

Во „Црвена вода“ е раскажана приказна за исчезнувањето на седумнаесетгодишно девојче кое го снемува во една септемврис­ка сабота во 1989 година по рибарскиот фестивал во мало гратче на далматинскиот брег. Полициската потрага не дава резултати, а околните политички настани – падот на систем, општествените промени и војната – го засенуваат исчезнувањето на девојчето кое за јавноста паѓа во заборав. Но семејството – таткото, мајката и братот близнак – се единствените кои сè уште ја бараат исчез­на­тата Силва. „Црвена вода“ е роман кој опфаќа период од 27 годи­ни и ја следи натамошната судбина на луѓето поврзани во исчезнувањето, од членовите на семејството, осомничените, до инспекторите на комунистичката милиција. Низ нивните судби­ни, романот опфаќа три децении од животот во Хрватска и ги отсликува општествените процеси, промени и состојби во земјата.

Романот „Црвена вода“, кој не е класичен криминалистички роман, е добитник на наградата „Фриц“ за најдобра прозна книга објавена во Хрватска во 2017/18 година. Добитник е и на наградата „Ксавер Шандрор Ѓалски“ на Хрватското друштво на писателите за најдобро прозно дело во 2017/18 година. Беше номиниран за наградата „Меша Селимовиќ“ за најдобар роман на штокавските јазици во 2017/18 година. Беше номиниран меѓу најдобрите пет хрватски романи кои се натпреваруваа за награ­дата на „Т-портал“ за најдобар роман во 2017 година.

Романот доби многу позитивни критики од критичарите во Хрватска и во странство, а посебно во Франција.

„Моќно книжевно дело кое ги надминува границите на жанровите и идеолошките поделби.“ (Денис Дерк)

„Одличен и морничав трилер, но и одлична приказна од малото Мисто! (Јагна Погачник)

„Еден од најдобрите трилери во хрватската литература...“ (Божидар Алајбеговиќ)

„`Црвена вода` е доказ дека сè уште има добри крими романи кои им пркосат на жанровските закони... Навистина одличен роман.“ (Клаудија Шмид)

„Црвена вода“ е потресен приказ на семејните истории, политичката судбина на Хрватска... и, патем, исклучително возбудлив трилер.“ (Сандра Фалке)

„`Црвена вода` не е типичен криминалистички роман. Во средината на книгата долго време остава сомнеж дали воопшто има злочин – но, со оваа неизвесност се постигнува тензија... (Гунар Волтерс)

„Павичиќ успева да ја надгради семејната драма, и маестралната, умешна историска фреска, без да ја жртвува тензијата на добрата криминалистичка приказна во ниту една секунда... исклучителен наслов!“ (Филип Бланш)

„Еве една маестрална илустрација за начинот на кој трилер понекогаш ги меша приказните и историјата, индивидуалната судбина и колективната историја... Многу убаво откритие. (Жан Марк Лашерер)

„Павичиќ брилијантно го користи `ноар романот` за да ги придружува обичните животи од колапсот на комунизмот, преку подемот на национализмот до шокот од војната... моќно и медитативно дело.“ (Бернар Дагер)

Price: 400 ден

5 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Црвена вода

Categories: , , , ,
SKU: 978-608-252-193-0

Questions and Answers

You are not logged in