Црвено и црно т.2
Author:
Стендал .
Publisher:
Конгресен Сервисен Центар |
Language:
Македонски |
Year:
2014
Original title:
/ |
Num. of pages:
294 |
Dimensions:
20
|
Cover:
/
/Романот Црвено и црно во голема мера ги изразува животните убедувања и литерарниот концепт што ги застапувал самиот Стендал. Младиот Жилиен Сорел, главниот лик, потекнува од плебејските слоеви и е своевиден бунтовник против узурпациите на племството, обидувајќи се со силата на своите амбиции и со чесноста да се пробие, да си го заземе своето место во општеството. Често на тој пат ќе му помогне и љубовта, наклоноста на жените кон младиот и амбициозен човек кој смело граби напред на скалилата од животот и се обидува со своите погледи и искреноста нешто да смени во средината во која дејствува. Жилиен настојува да се пробие со своите способности, ставајќи ги под прашање наследените благороднички привилегии. Но, тоа очигледно е невозможно. Конфликтот помеѓу човекот од народот и високите слоеви сè повеќе се заострува во романот Црвено и црно, за на крајот да доведе до несакани и фатални последици.
Reviews
There are no reviews yet.