Цветот што носи среќа

Publisher: Темплум | Language: Македонски | Year: /
Original title: Цветот што носи среќа | Num. of pages: 22 | Dimensions: 29 цм | Cover: мека

„Цветот што носи среќа“ е збирка песни за деца од Михо Атанасовски, еден од најдобрите и најмалку познатите македонски писатели. Оваа волшебна приказна во стихови првично е објавена во 1994 година, а Темплум ја објавува повторно, со илустрации на Александар Иванов. Книгата зборува за авантурите на едно младо момче, кое со помош на еден волшебен цвет, набран покрај гробот на неговата мајка, поминува низ бројни авантури, опасности и искушенија, сè додека цветот не не стане непотребен. Атмосферата, музикалноста и деликатниот лиризам во книгата совршено се надополнети со илустрациите на Иванов, а Михо Атанасовски успева да го постигне она што ретко кој писател за деца умее да го направи – речиси да ги избрише старосните граници кога станува збор за читателите за кои е приемчива неговата книга. Фрагмент: „Откако малку се смири сето, пак му се јави, му рече цветот: -Сине, не сум ти потребна веќе. Сега си, гледам, богат и среќен, зашто срцето ти си го слушаш и се’ што правиш, правиш со душа. Тој што помага може да биде богат и среќен, тоа го виде… И секој, ако продолжиш вака, ќе те почитува и ќе те сака. Го рече тоа, пепел се стори… Може пак ноќе на гробот гори ко свеќа меѓу другите цвеќа, цветот што носи секогаш среќа.“

Price: 300 ден

2 in stock

Compare
Sold By Темплум

Report an abuse for product Цветот што носи среќа

Categories: ,
SKU: 978-608-4658-43-6

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Цветот што носи среќа”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in