Украдена љубов

Издавач: / | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: L'amore rubato | Бр. на страни: 150 | Димензии: 200x14 | Корица: мека

Дача Мараини е најпознатата и најпреведуваната италијанска писателка во светот, добитник на високи награди и кандидат за Нобеловата награда за литература. За „Украдена љубов“ (2012), веднаш по објавувањето, ја доби наградатa на Фондацијата Кампиело, а само во првите четири недели книгата достигна пет изданија. Осумте живи, реални и безвремени приказни, изострени и совршени, непоколебливи и способни да возбудат и да разочараат, Дача Мараини ги раскажува за светот поделен меѓу оние коишто со исконската тврдоглавост другиот го сметаат за објект што го поседуваат и од кого очекуваат да им робува. Покрај сите убави нешта што се поврзуваат со љубовта, ова четиво нуди една нејзина димензија по малку сурова, но за жал и многу реална. Жените кои раскажуваат сакаат да покажат нешто интимно, неопходно и болно. Раскажуваат за насилството во името на љубовта. Протагонистките на „Украдена љубов“ водат една прастара и секогаш актуелна борба против љубените мажи, коишто, се покажува дека сè почесто не се способни да возвратат на нивната љубов, да се соочат со одбивањето, копнежот, па прибегнуваат кон поинаков начин на освојување на љубовта, крадејќи ја од жените, девојките, девојчињата...
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците

Цена: 250 ден

9 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Украдена љубов

Категорија:
ИСБН: 978-608-225-094-6

Questions and Answers

You are not logged in