Ултрамарин
Ултрамарин е роман за созревањето со уметноста и преку уметноста.
Насловот на романот обединува неколку симболични слоеви: ултрамаринот е омилената боја во сликите на таткото на нараторот, бојата на морето поврзана со нивното прво „архипатување“ во кое заеднички го поминуваат Медитеранот, но и боја која истовремено има амбивалентни метафизички конотации – нејзиното име може да се поврзе и со смртта, во нашата цивилизација согледувана како преминување на другиот брег.
Во својата основа, ова е роман посветен на смртта на таткото и начинот на кој авторот се соочува со неа. Нараторот ги разгледува и пакува предметите оставени во сликарското студио на неговиот татко, процес што отвора простор за долги реминисценции од нивниот живот, најчесто поврзани со патувањата низ Италија.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.