Умееш ли да свиркаш, Јохана?

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2014
Original title: Kan du vissla Johanna | Num. of pages: 60 | Dimensions: 200х140 | Cover: /

„Умееш ли да свиркаш, Јохана“ на Улф Старк е современа и топла приказна, со оригинални илустрации на Ана Хеглунд. Делото има и филмска верзија, која секоја година на Божик, традиционално се емитува на Шведската телевизија.Едниот од двата главни лика во приказната, исто така, се вика Улф. Неговиот другар Бера посакува да има дедо. Ама Улф не е Улф ако не е голем другар, па за среќа на својот другар, знае точно каде може да се најде дедо. Го наоѓаат најдобриот дедо, кој потоа ќе го направи најубавиот летачки змеј. И, кој умееше да свирка – нешто што Бера, најмногу од сё, посакува да научи...Улф Старк (1944) е еден од најпознатите шведски автори. Има напишано педесетина книги и е преведен на повеќе од триесет јазици. Творештвото на Улф Старк е разновидно. Пишува од сликовници до романи за младите читатели. Неколку свои книги ги има преработено во филмски сценарија и е добитник на многу престижни награди, меѓу кои и наградата Август.„Умееш ли да свиркаш, Јохана“ на Улф Старк е современа и топла приказна, со оригинални илустрации на Ана Хеглунд. Делото има и филмска верзија, која секоја година на Божик, традиционално се емитува на Шведската телевизија.Како што констатирало жирито за наградата Август, „Умее ли да свиркаш, Јохана“ претставува „прекрасна приказна за дружењето, авантурата, љубовта и смртта“.

Price: 150 ден

4 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Умееш ли да свиркаш, Јохана?

Category:
SKU: 978-608-4614-58-6

Questions and Answers

You are not logged in