Уметноста на љубовта
Author:
Ерих ФРОМ
Publisher:
Ѓурѓа |
Language:
Македонски |
Year:
2011
Original title:
The art of loving |
Num. of pages:
128 |
Dimensions:
125X200
|
Cover:
мека
Љубовта е активна сила на човекот; сила што ги пробива ѕидовите што го раздвојуваат човекот од неговите ближни, која го соединува со другите. Љубовта му помага да го премавне чувството на осаменост и одвоеност, а сепак му допушта да биде свој, да си го зачува интегритетот. Во љубовта се случува парадоксот две личности да станат едно, а сепак да останат двајца. Љубовта е активност, а не пасивен афект – таа е „останување“, а не „заљубување“. На најобопштен начин, активниот карактер на љубовта може да се изрази со тврдењето дека љубовта е првенствено давање,а не примање.
Љубовта е единствениот здрав и задоволителен одговор на проблемот на човечкото постоење. Во чинот на љубовта, во давањето себеси, во чинот на проникнувањето во другата личност се пронаоѓам себеси, се откривам себеси, нè откривам нас двајцата, го откривам човекот.
1 review for Уметноста на љубовта
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –
Aleksandar Joveski (verified owner) –
Го имам читано оригиналот на англиски јазик и би сакал да ви го препорачувам внимателно да го прочитате ова дело. Во него се вткаени и филозофските погледи на Фром со посебен осврт кон сестран развој на личноста и личниот интегритет преку неговата анализа на современиот човек и неговото резонирање на љубовта во потрошувачкото општество.
Suzana Janeva (verified owner) –