Вафли во форма на срце
Запознајте ја Лена Лид, Пипи Долгиот Чорап од Норвешка: борбено, забавно девојче чии денови се исполнети со невообичаени авантури. А Триле е нејзин сосед. Освен што се соседи, Триле мисли дека се и најдобри другари, и покрај незгодите во кои Лена редовно го вовлекува. Триле мисли и дека живее во најубавото место што може да постои. Не кажуваме што ќе се случи понатаму, но едно нешто е сигурно: бабата на Триле ги прави најубавите вафли во светот. И во нив, како и во оваа книга, може да се ужива цел ден и цела ноќ!
„Книгава е одлична, има сè што треба да содржи една книга што би сакала да ја читаат моите деца: убавина, остроумност, мудрост, радост, промисленост и многу забава.“
playingbythebook.net
„Преполна со забава, невиност, пргавост, страст... Марија Пар ги обработува темите на смртта, загубата и неизвесноста со огромно сочувство и разбирање.“
Букару
Reviews
There are no reviews yet.