Вежби за ибн Пајко (троен роман); Песот со тажен поглед

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Вежби за ибн Пајко (троен роман); Песот со тажен поглед | Бр. на страни: 315 | Димензии: 145/205 | Корица: тврда

Историјата и народното предание ù служат на Оливера Николова да создаде своја авторска приказна за некои човечки судбини карактеристични за балканските простори. Контактите меѓу историската стварност, народното предание и колективната меморија го прават светот на „Вежби за ибн Пајко“ да биде живописен. Авторката нема цел во својот роман да прикаже една историска вистина туку да покаже дека е кревка границата меѓу историската вистина и илузијата: и вистината може да стане илузија, и илузијата – вистина.
Катица Ќулавкова

„Песот со тажен поглед“ не е исклучиво историски или воен роман, туку е повеќе роман за тоа како војната го втиснува мрачниот печат врз индивидуата, за последиците што војната ги остава врз телото и врз психата на оној што излегол од борбата, но и за ронката хуманост што, случајно или не, останува надвор од човекот и е сместена во очите на животното што најчесто го сметаме како наш најчест домашен миленик.
Давор Стојановски

Цена: 390 ден

19 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Вежби за ибн Пајко (троен роман); Песот со тажен поглед

Категории: ,
ИСБН: 978-608-267-398-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Вежби за ибн Пајко (троен роман); Песот со тажен поглед”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in