Вежби за ибн Пајко (троен роман); Песот со тажен поглед
Author:
Оливера Николова
Publisher:
Арс ЛАМИНА |
Language:
Македонски |
Year:
2022
Original title:
Вежби за ибн Пајко (троен роман); Песот со тажен поглед |
Num. of pages:
315 |
Dimensions:
145/205
|
Cover:
тврда
Историјата и народното предание ù служат на Оливера Николова да создаде своја авторска приказна за некои човечки судбини карактеристични за балканските простори. Контактите меѓу историската стварност, народното предание и колективната меморија го прават светот на „Вежби за ибн Пајко“ да биде живописен. Авторката нема цел во својот роман да прикаже една историска вистина туку да покаже дека е кревка границата меѓу историската вистина и илузијата: и вистината може да стане илузија, и илузијата – вистина.
Катица Ќулавкова
„Песот со тажен поглед“ не е исклучиво историски или воен роман, туку е повеќе роман за тоа како војната го втиснува мрачниот печат врз индивидуата, за последиците што војната ги остава врз телото и врз психата на оној што излегол од борбата, но и за ронката хуманост што, случајно или не, останува надвор од човекот и е сместена во очите на животното што најчесто го сметаме како наш најчест домашен миленик.
Давор Стојановски
Reviews
There are no reviews yet.