Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени : старовремски роман

Publisher: Арс ЛИБРИС | Language: Македонски | Year: 2022
Original title: Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени : старовремски роман | Num. of pages: 247 | Dimensions: 20 | Cover: мека

Летото 1898 – во преодните денови помеѓу веќе исцрпениот XIX век и тукушто родениот XX век – Никола се враќа од своите студии на Ecole supérieur de pharmacie во Париз. Со себе го носи научното знаење од Западот и етосот на модерниот, просветлен човек, желен да ги примени во своето родно Скопје. Дома – во големата куќа на крајот на градот, покрај течението на реката Вардар – го чекаат татко му Харалампие, трговецот на ангро, мајка му Евдокија и трите помлади братучетки. На прв поглед животот на ова семејство изгледа нормален, пристоен, па дури и здодевен.

Но, работите не се такви како што изгледаат. Нешто страшно и неискажливо ја фрла својата сенка врз семејството Пустополски. Старата куќа крие свои тајни што се протегаат сè до Ориентот и кои се однесуваат на богатството на дедото на Никола. Приказната за еден прстен купен во Старата скопска чаршија го втурнува Никола во низа настани чиешто потекло, смисла и цел не му се целосно јасни...

Price: 450 ден

16 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени : старовремски роман

Categories: , ,
SKU: 978-608-267-491-9

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени : старовремски роман”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in