Вкрстување на световите
Author:
Мерсиха Исмајлоска
Publisher:
Антолог |
Language:
Македонски |
Year:
2016
Original title:
Вкрстување на световите |
Num. of pages:
128 |
Dimensions:
17x24
|
Cover:
/
Вкрстување на световите е наслов што во себе вклучува еден подолг наслов: „Вкрстување на световите на Истокот и Западот (интерпретација на перцепцијата и нарацијата во делата Прашина од Милчо Манчевски, Се викам Црвено од Орхан Памук и Боречки клуб од Чак Паланик)“, магистерски труд на Исмајлоска.
Текстот се обидува преку една компаративистичко-контрастивна согледба да даде анализа на вкрстувањето помеѓу Истокот и Западот, видено преку вкрстување на зборот и сликата. Двојно вкрстување, израз на копнеж за давање теоретски одговор на некои метафизички прашања.
„Својот културолошки пристап авторката го заокружува со поврзувањето на источната и на западната мисла присутна во делата на мислителите што биле способни да го вкрстат сопственото поимање на бивствувањето и светот со она на Платоновата филозофија или Аристотеловата метафизика“.
проф. д-р Славица Србиновска
1 review for Вкрстување на световите
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –