Вкусот на гревот
Author:
Зорана Шулц
Publisher:
Матица Mакедонска |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
Ukus greha |
Num. of pages:
281 |
Dimensions:
21 см
|
Cover:
мека
Што е минатото? Она што го паметиме или она на што сакаме да се сетиме, она што сме го доживеале или она што мислиме дека сме го преживеале.”
Валерија на 31ви Декември е во својата куќа на море, по која како девојка постојано сонувала. Додека сите нејзини другари летото го поминувале во близина на морето таа летата ги минувала патувајќи од едно место до друго, од куќата на татко ѝ до куќата на мајка ѝ или пак е кај нејзините баба и дедо, како да е некој предмет што нејзините родители неволно го влечкаат како последица на една нивна погрешна одлука, без да сфатат што значи тоа за едно дете.
Сега, по толку време, таа е во својата куќа на море, сама, затоа што таа така одлучила, сеќавајќи се на секој поминат миг од својот живот, повторно оживувајќи ги спомените, за потоа да влезе во Новата Година одмаздувајќи им се за сè на сите оние кои ја повредиле.
Токму спомените на Валерија ја оформуваат целава приказна на романот. Облекувајќи ја на себе само долгата бунда од лисица таа претура по накитот што го добивала целиот свој живот. Секое парче е поврзано со по некој спомен од нејзината младост.
На 16 години го добила својот прв подарок, прстен, од Ѓорѓе и тогаш за првпат Валерија сфаќа дека мажите во неа гледаат жена, вистинска жена, а не девојче од 16 години. Старинскиот сребрен брош од баба ѝ ја потсетува на најсреќниот период од нејзиниот живот, детството поминато кај баба ѝ и дедо ѝ. Уште како малечка, само на една година, родителите ја оставаат кај баба ѝ поради кризата во нивниот брак. Мајка ѝ, Ана, студена жена, ја лишува Валерија од секаква мајчинска љубов и нежност, жена која ја родила за потоа да се откаже од неа, учителка која воспитувала туѓи деца, а своето го занемарува, жена која со својата венчавка уништува три животи : нејзиниот, на нејзиниот сопруг и тој на Валерија.
Љубовта кон татко ѝ избледува кога тој ја запознава со својата нова сопруга Љубинка. Обземен од неа, тој како да не ја приметува Валерија и таа уште од тогаш учи како да носи маска со насмевка на лицето и никому да не покажува како се чувствува. Дури тогаш сфаќа дека не е среќен секој што се смее.
Од престојот кај баба ѝ и дедо ѝ ѝ останува желбата што постојано ќе ја носи со себе – да најде свое прибежиште и во него да биде сакана и несебично да ги подарува своите чувства накому, да има свое семејство кое ќе ја сака и кое ќе го сака. Целата беда на нејзината реалност и целата тага поради недостигот на семејството Валерија го крие со изгледот и со таинственото однесување. Иако не успева да влезе во актерските води поради мајка ѝ, таа станува голема актерка во својот живот.
По еден многу страшен настан, Валерија се зарекува дека веќе никогаш во нејзиниот живот ниеден маж нема да ја повреди. Таа ќе биде онаа што ќе управува со нив, секој од нив ќе ѝ биде роб, ќе прави со нив што ќе посака, затоа што одмаздата нема граници. Но кој ќе биде тој што ќе ѝ овозможи да го вкуси гревот и ќе ѝ ја оствари најпосакуваната желба?
2 reviews for Вкусот на гревот
Questions and Answers
You are not logged in
Фросина Трајковиќ (verified owner) –
Фросина Трајковиќ (verified owner) –