Вкусот на сонцето
Author:
Џанг Џилу
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2018
Original title:
Најдобрата кинеска литература за деца - антoлогија |
Num. of pages:
214 |
Dimensions:
21 cm
|
Cover:
тврда
Вкусот на сонцето - Џанг Џилу Тврда корица Џанг Џилу е роден во Пекинг, во 1945 година. Тој е директор на Детскиот литературен комитет на Kинеското здружение на писателите и познат сценарист. Бил номиниран за наградата Ханс Кристијан Андерсен. Негови познати дела се: Дете гром, Третата легија, Забранета мудрост, За кого пее Сисада?, Тотална илузија, Фудбалскиот херој, Јас и мојата сенка, Прасето херој, Танц на кинеските карактери и филмската монографија Историја на филмовите за деца во Кина. Има освоено повеќе награди, меѓи кои наградата Кинеска книга на Кинеското здружение на писатели – дури шестпати, и наградата Сунг Чинлинг за детска литература за деца – трипати. Неговиот кус роман „Антилопа изработена од дрво“ беше вклучен како лектирно издание во средното образование, а неговата бајка „Патување во стомакот на добитокот“ беше избрана за лектира за учениците во основно образование. Автор е на триесетина книги за деца – бајки, новели и научнофантастични приказни. Работел и како сценарист и продуцент во филмската продукција, а со тоа имал можност да бидам во постојан контакт со различни текстови и содржини за снимање на драми за деца. Тој има напишано повеќе сценарија за драми и филмови за деца од кој било друг писател во Кина. Според неговите дела се изготвени филмски сценарија за: Дете гром, Волшебниот часовник, Фудбалскиот херој, Лудиот зајак, Мама не замина далеку, Опасна интелигенција, Сакам да бидам добро момче, И желката може да сурфа на Интернет, Третата легија, Мајка и други. Добитник е на повеќе филмски награди, меѓу кои и наградата Сиа Јан, и тоа трипати, Флаинг наградата за ТВ серија и интернационалната Златна награда на детскиот филмски фестивал во Каиро. Овој избор на Џанг Џилу содржи девет раскази, првенствено наменети за тинејџерска возраст, а некои од нив се вклучени и како лектира во образованието во Кина.
Reviews
There are no reviews yet.