Вонземски приказни

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2001
Оригинален наслов: Вонземски приказни | Бр. на страни: 124 | Димензии: 220х220 | Корица: /

Александар Станковски по образование е сликар, но на македонската јавност ѝ е познат по својата ангажирана, синестезична опседнатост со уметностите, воопшто. Извонредно артикулиран и образован уметник кој ја промислува и теориски својата „првична“ уметност - сликарството, Александар Станковски, на литературата ѝ пријде преку стрипот што можеби е најприродниот пат еден сликар да влезе во литературните жанрови. Не е неважно да с епотенцира и дека македонскиот стрип првите чекори ги направи токму со делата на овој наш уметник. Александар Станковски очигледно спаѓа во ретките уметници кои со еднаков резултат прават доблесни резултати во различни типови дискурс. Со својата отвореност кон светот и со љубопитноста за „промените“ на вечно истата човечка природа, тој со остро око ги забележува нештата за кои, и покрај толеранцијата на супериорен интелект има, исто така, остар, јасно дефиниран став што јавно го искажува. Александар Станковски е голем ерудит, но и човек кој умее да живее со мигот, да биде длабоко Во случките и, истовремено, со страшна дистанца да ги набљудува објективно и луцидно. Импонира способноста на Станковски за секавична синхронизираност со која сегашниот миг го сместува во вертикалата на дијахрониските промени на нештата што го возбудуваат обичниот човек со својата божемна ексклузивност.

Цена: 210 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Вонземски приказни

Категорија:
ИСБН: 9989-851-33-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Вонземски приказни”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in