Враќањето
Луанда, главниот град на Ангола, 1975 година. Деколонизацијата поттикнува омрази, поттикнува и војни. Белците заминуваат и наскоро половина милион луѓе ќе пристигнат во Португалија. Револуционерниот процес е на самиот врв, а повратниците се пречекани дома со недоверба и со непријателство. Повеќето немаат каде да одат. Руи има 15 години и е една од нив.
Лисабон, главниот град на Португалија, 1975 година. Речиси цела година Руи и нејзиното семејство живеат во соба во хотел со пет ѕвездички, но ситацијата е далеку од блескава и се влошува секој изминат ден. Адолесценцијата станува исчекување на стравот од станување возрасен: да се навикнеш на очај и на гнев, да ја осознаеш љубовта, да се измисли надеж, иако си некаде каде што мораш да си - да се вратиш, но во вистинскиот дом.
„Книга која ќе нè исплаши и трогне... Луѓето како Ана Марија Кардозо, поради овој роман, мора да ги вклучиме во пантеонот на најголемите писатели, писатели кои пишуваат со мадиња“.
Џон Бонифејс, Паблик
„Кардозо наоѓа вистински зборови во секоја сцена... Роман каков што чекавме долго време“.
„Прецизно и јасно раскажно, воодушевувачки стил“.
Жозе Марио Силва, Ридинг
„Веројатно најважната авторка од нејзината генерација“.
Жозе Ризо Диретињо, Паблик
1 review for Враќањето
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –