Забрана за користење оган и вода
Автор:
Вукашин Штрекер
Издавач:
Готен |
Јазик:
Македонски |
Година:
2017
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
231 |
Димензии:
/
|
Корица:
/
Едно креолско искуство ни донесува младиот српски автор, Вукашин Штрекер, меѓу првите автори во регионот кој се осмели да ги преточи во проза номадско-дијаспоричните искуства на илјадниците гурбетчии од Балканот. Книжевниот увид на Штрекер е натопен во бунарот на ултра-современиот сензибилитет: лаконски, динамичен, циничен, лишен од секоја патетика, подготвен за саможртва, но и за многу суптилни и забранети задоволства. Романот од речиси дневнички запис за умните и култивирани Балканци, коишто завршуваат во сифонот на глобалниот пазар на трудот, подготвени на најтешко ‘рмбање да заработат некој долар повеќе, се претвора во пикарска химна на слободната и пространа Америка, уште едно сведоштво за остварување на американскиот сон, натопено со флуидите и хемикалиите на битничката проза, со отворен пиетет кон бунтовноста и разузданоста на рок генерацијата и Буковски, ирониски врамено во стандардите на холивудското кино-пишување.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.