Задолжителна среќа

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: Fericirea obligatorie | Бр. на страни: 220 | Димензии: 120 x 200 | Корица: /

Манеа е мајстор на атмосферата. Неговите раскази потсетуваат на традицијата на Кафка и Гогољ според употребата на гротескното и фантастичното и нивното суптилно мешање со реалноста. Политичкото, реалното и трагичното се испреплетуваат со апсурдното и бизарното. Во мачната атмосфера на животот под Чаушеску, Задолжителна среќа, преку контрасти и необични детали, создава слика за животот во една гротескна полициска држава, за политичките и личните драми, изразувајќи ги и теророт и надежта истовремено, и стравот и солидарноста, и хумористичната тривијалност на секојдевното и болната потрага по идеал.

Сатирата, тоа моќно субверзивно оружје на отпорот, која избива низ кафкијанските разговори и коментари,  ја затвора оваа збирка со некој вид парафраза на Алфред Жари, дека хуморот и сатирата се најдобрата одбрана пред сериозните и загрозувачки нешта.  

Цена: 280 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Задолжителна среќа

Категорија:
ИСБН: 978-608-230-298-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Задолжителна среќа”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in